Тимот на Интер Мајами е вториот што обезбеди пласман во финалето на Лига Купот на Северна и Централна Америка.

Екипата од Флорида во полуфиналето го го победи Орландо Сити со 3-1, а два од трите гола беа дело на Лионел Меси.

Марко Пашалиќ го отвори резултатот за Орландо непосредно пред полувремето, а играта преживеа преглед на ВАР системот за можна игра со рака.

Меси се врати по втор пат за две недели по паузата и закрепнувањето од повредата на тетивата.

Аргентинецот израмни во 77-та минута израмни на 1-1 реализирајќи од пенал. Во 88-та минута по двојната комбинација со Жорди Алба, повторно Меси погоди, сега за водство на Мајами од 2-1.

Победата беше потврдена три минути подоцна по речиси идентична акција во која овојпат учествуваа Теласко Сеговија и Луис Суарез за конечни 3-1.

Интер Мајами во финалето ќе игра против Сиетл, кој во првото полуфинале го победи ЛА Галакси со 2-1. Тимот од Флорида во 2022 година беше победник во ова натпреварување.