Овие неколку дена ќе се одиграат реванш-дуелите во квалификациите од натпреварувањата на УЕФА. меѓу нив има и доста куп-средби кои ги комбиниравме и успеавме да составиме предлог-тикет од шест пара, користејќи ги најголемите коефициенти на Златна Копачка.

Тикетот има и 4% бонус на добивката токму поради тоа што одигравме шест пара.

БОРНМУТ – БРЕНТФОРД: Победа домаќин

Уште од периодот кога се среќаваа во Чемпионшип, Борнмут нема остварено победа против Брентфорд. Но, таа лоша низа е во лигашки рамки, додека овој куп-дуел може да донесе сосема различен исход бидејќи се игра по нокаут систем. Двете екипи изминатиов викенд остварија победи во Премиер лигата, но според моменталната игра повеќе шанси им даваме на домаќините за прекин на негативната низа.

ПАФОС – ЦРВЕНА ЗВЕЗДА: 3+ гола

Неочекуваниот триумф на Пафос среде Белград во првата средба беше шок за српскиот првак, кој сега треба на гостински терен да се вади од негатива и да избори победа доволна за пласман во главната фаза од ЛШ. Поради тој факт, типуваме дека ќе има барем три гола на средбата.

БЕНФИКА – ФЕНЕРБАХЧЕ: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

„Нулата“ во Истанбул повеќе ѝ одговара на Бенфика, која вечерва пред свои навивачи ќе се обиде да го елимира Фенер на Мурињо и да стигне до групната фаза во ЛШ. Сепак, наместо да типуваме победник, подобро за нас е да играме на ограничен број на голови – не повеќе од два во првите 45 минути, односно меѓу еден и три гола во вториот дел од средбата.

СЕЛТА – БЕТИС: Гол-гол

Веќе меѓусебни пет меча во низа Селта и Бетис играат на многу голови, па нема причина зошто да не биде така и во оваа средба. Стартот на сезоната ни покажа дека и двете екипи редовно постигнуваат и примаат погодоци, па овој зицер тип не смее да се пропушти.

АЕК ЛАРНАКА – БРАН: Домаќинот да постигне 1+ гола во второ полувреме

АЕК покажа и во првиот натпревар дека може да биде опасен по голот на Бран, па во овој реванш-дуел кој ќе го одреди патникот во Лигата на Европа, би требало тимот од Ларнака повторно да ја затресе противничката мрежа барем еднаш, и тоа да биде во второто полувреме.

ЈАНГ БОЈС – СЛОВАН Б.: Победа домаќин

По победата во првиот меч, Јанг бојс треба да ја заврши работата за пласман во ЛЕ, но ние очекуваме да го стори тоа така што повторно ќе триумфира. Швајцарскиот тим во 4 од 5 меѓусебни дуели против Слован се има радувано на победа, нека биде така и во оваа средба.

Стандардно предлог-тикетот го уплаќаме со 200 денари, на вас останува изборот колку ќе вложите доколку ја искористите шифрата за брза уплата за да го препишете тикетот. Имате можност да го сторите тоа до вечерва до 20:44 часот, пред почетокот на првиот натпревар.

ШИФРА: 33413