Со двата натпревари што ќе се играат попладнево во Кавадарци и Куманово ќе биде комплетирано 3.коло во Првата МФЛ.
Фудбалерите на Пелистер својот натпревар против Шкупи, наместо во Битола ќе го играат во Кавадарци. Ова поради реконструкција и одржување на теренот на стадиони во Битола каде младата фудбалска селекција на Македонија (У21) ќе го игра квалификацискиот меч со Италија.
Пелистер во овој натпревар ќе влезе со пораз од Вардар во првото коло и победата над АП Брера во Струмица. Шкупи кој е во огромна криза одигра само еден натпревар и тоа првиот го Тетово каде беше декласиран од Шкендија. Дуелот од 2.коло против Силекс, Чаирчани го загубија со службен резултат.
Вториот натпревар ќе се игра во Куманово. Откако во првиот пред домашните навивачи фудбалерите на Башкими одиграа нерешено со Арсими, кумановци славеа на гости кај Работнички. Тоа сигурно ќе биде мотив повеќе денеска да атакуваат на првата домашна победа, но за тоа ќе се прашуваат и гостите од Кавадарци. Тиквеш нема победа на првите два меча и тоа одиграни на домашен терен против Работнички (нерешено) и Вардар (пораз). Дали избраниците на Мојсов ќе најдат начин како да се израдуваат прва пат во новата сезона останува да видиме.
Двата натпревари почнуваат од 17 часот, а оној од Кавадарци ќе може да го гледате ВО ЖИВО овде и на МРТ3.
ПМФЛ 3. КОЛО
Понеделник 25.08.
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 17 часот
БАШКИМИ – ТИКВЕШ 17 часот
Претходно одиграно
СТРУГА Т.Л. – РАБОТНИЧКИ 2-0
ВАРДАР – АП БРЕРА СТРУМИЦА 2-2
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 3-0
ШКЕНДИЈА – АРСИМИ 0-0




































