Првото големо дерби од новата сезона на англиската Премиер лига, се одигра денеска во Манчестер.
Во воведното коло на „Олд Трафорд“, а на разочарување на домашната публика Арсенал го совлада Манчестер Јунајтед со 1:0 .
Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во 13-тата минута. По корнерот од левата страна Рикардо Калафиори беше на вистинското место во вистинско време и ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“. Гостите од Лондон поведоа со 1-0.
и покрај бројните шанси на двете страни, резултатот до крајот на дуелот остана не променет
Потсетување дека од фаворитите сезоната со победи ја стартуваа актуелниот шампион Ливерпул, претходниот Манчестер Сити како и лондонски Тотенхем.





































