Најдобрата македонска тенисерка не успеа да го освои турнирот во Куршумлијска Бања, Србија.

И во своето второ финале, за само седум дена, Ѓорческа е поразена.

Денеска таа загуби од домашната, српска, тенисерка Теодора Костовиќ.

Во мечот што траеше 2 часа и 3 минути, Србинката славеше во два сета 2:0.

Во првиот се водеше голема борба за секој поен, а Костовиќ го доби со 7-6. Во вториот, Ѓорческа загуби три гем на свој сервис, а доби два на сервис на противничката. Затоа Костиќ го доби сетот со 6-3, а мечот со 2:0.

Така Лина и втор пат во низа пропушти шанса да триумфира на овој турнир.

Следете нé на социјалните мрежи