И второто ден од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига, носи два нои натпревари и тоа во Скопје.
Во Ѓорче Петров кај повратникот во прволигашката конкуренција, Македонија, гостува шампионот Шкендија.
Тетовци се во фантастична форма, која ја градеа низ натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите. Иако таму се елиминирани, нив ги чека долга есен во европските купови. Тренерот Беќири одамна најави дека неговата екипа, подеднакво сериозно ќе се посвети и на домашното првенство, а тоа го потврди со убедливиот триумф над Шкупи во првото коло. Македонија пак имаше тешко гостување во Струга кај Трим Лум од која загуби во првата рунда. Секако дека избраниците на Грнчаров ќе имаат мотив повеќе да се докажат во дуелот со шампионот денеска. Затоа, може да очекуваме интересен дуел на мечот во Ѓорче Петров.
Во истиот термин на арената „Тодор Проевски“, тимот на Работнички го пречекува Башкими. Двете екипи во овој меч влегуваат со желба за прва победа во новата сезона. Тимот од Дебар Маало, во првото коло одиграа без голови во Кавадарци со Тиквеш. Популарните „романтичари“ создадоа повеќе шанси, но недостасување ефикасна завршница. Башкими пак на „кам-бекот“ во прволигашката конкуренција пред своите симпатизери одигра 1-1 со Арсими. Тимот од Куманово покажа дека има капацитет да се бори против секој противник.
Двата натпревари ќе почнат во терминот од 17 часот.
ПМФЛ – 2 КОЛО
Сабота
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БАШКИМИ
Недела
ШКУПИ – СИЛЕКС
Понеделник
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР
Петок
ТИКВЕШ – ВАРДАР 1-2
АРСИМИ – СТРУГА Т.Л. 1-2
































