Попладнево беа одиграни два нови натпревари од 2.коло во ПМФЛ, двата во Скопје, и тоа со победи на гостинските екипи.

Шампионот Шкендија и ја определува улогата на фаворит и на гостувањето во Ѓорче Петров ја победи Македонија со 1-3.

Тетовци победата ја најавија уште во осмата минута со голот на Адеми. Работата им ја олесна Кабаркс кој во 17. минута заработи директен црвен картон па македонија во продолжение играше со играш помалку. Во второто полувреме гостите постигнаа уште два гола и само ја потврдија својата втора победа сезонава. Поразот го ,,ублажи” Глишиќ со погодокот во судиското дополнение.

И на вториот натпревар одиграна рената ,,Тодор Проевски” каде Работнички го пречека Башкими, победа славеа гостите со 0-2.

Кумановската екипа поведе во 35.минута благодарение на автоголот на Робакидзе. До вториот гол се чекаше се до 78.минута кога Мемери ја затресе мрежата на домаќините.

Потсетување дека и на вчерашните натпревари воведе остварија гостинските екипи и тоа Вардар во Кавадарци против Тиквеш, односно Струга ТЛ во Гостивар го совлада Арсим.

Иако за утре беше закажан дуелот меѓу Шкупи и Силекс тој нема да се одигра. Така колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварот во Струмица меѓу АП Брера и Пелистер.