Фудбалерите на Вардар ја остварија втората победа во новата сезона од Првата МФЛ.

Во еден од двата денешни натпревари од 2.коло, Вардар во Кавадарци го совлада Тиквеш со 0-2.

Првата посериозна шанса и тоа двојна ја имаше Тиквеш во 18 и 19.минута. Сепак, гостинскиот голман Талески во двата наврати беше поуспешен од домашните фудбалери. Само минута подоцна на спротивната страна и Стефковски одлично интервенираше по обидот на Закариќ. Во 34.минута уште една шанса за кавадарчани кои не се снајдоа најдобро пред голот на црвено-црните, па резултатот остана не променет.

Во второто полувреме, вардарци беа нешто поактивни, а таквата игра донесе резултат. Веќе во 52.минута, кога по корнерот од левата страна Матиќ ја затресе мрежата на домаќините за водство од 1-0.

Во 66-тата минута малку фалеше Тиквеш да израмни. Обидот на Ивановски од десната страна заврши во стативата од голот на вардарци.

И во следниот корнер, во 68.минута, овој од спротивната страна, беше кобен за кавадарчани. Во шеснаесетникот на домашниот состав најдобро се снајде Мато за 2-0 за Вардар.

Иако во 83.,минута вардарци преку Омерагиќ уште еднаш ја затресоа мрежата на домаќините, голот беше поништен поради офсајд.

Конечниот резултат 1-2 беше поставен во судиското дополнение (90+3) кога Ивановски од далечина го совлада Талески.

Останатите натпревари на програмата се во наредните три дена.

ПМФЛ – 2 КОЛО
Петок

ТИКВЕШ – ВАРДАР 1-2
АРСИМИ – СТРУГА Т.Л. 1-2
Сабота
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – БАШКИМИ
Недела
ШКУПИ – СИЛЕКС
Понеделник
АП БРЕРА – ПЕЛИСТЕР