Стартот на фудбалската сезона официјално може да почне, затоа што овој викенд во етерот се враќаат три од топ 5 лигите во Европа. Целото внимание ќе биде насочено Премиер лигата, Ла Лига и Лига 1, па токму и нашиот предлог-тикет за овој викенд е претежно составен со натпревари од овие шампионати.

Секако, ги користиме игрите на Златна Копачка, каде што може да се најдат највисоките коефициенти покрај огромниот избор на типови.

ТОТЕНХЕМ – БАРНЛИ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Петлите ќе делуваат изморено бидејќи во средата играа во Суперкупот на УЕФА каде несреќно загубија од ПСЖ на пенали, па затоа не се одлучивме да ја искористиме нивната фаворитска улога. Наместо победник, на средбата во Лондон ќе очекуваме барем по еден погодок во двете полувремиња.

ВУЛВЕРХЕМПТОН – МАН. СИТИ: 2+ гола во второ полувреме

Волците летово останаа без четворица првотимци, па иако се купени замени на Куња, Аит-Нури, Гуедеш и Семедо, мали се шансите да стигнат до изненадување против еден од фаворитите за шампионската титула. Затоа, се очекува Сити да биде разигран и да паднат најмалку два погодоци во второто полувреме.

МАЈОРКА – БАРСЕЛОНА: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Барселона ја почнува одбраната на титулата со гостување кај Мајорка, каде што во последните пет гостувања има постигнато 13 погодоци. Затоа, очекуваме и во оваа средба да има голови во двете полувремиња.

МОНАКО – ЛЕ АВР: Домаќинот да постигне 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Монако доста ја освежи екипата ова лето со неколку звучни имиња како Пол Погба, Ансу Фати и Ерик Даер, кои ќе можат лесно да се истакна против екипата која во ланската сезона за влакно се спаси од испаѓање. Барем по еден гол во двете полувремиња е сосема реално сценарио кое може да се случи на „Луј Втори“ стадионот.

БЕШИКТАШ – ЕЈУПСПОР: Гостинот да постигне 1+ гола

Амбициозниот Ејупспор лани ги загуби двата дуели против Бешикташ, меѓутоа и во двата меча успеа да ја затресе противничката мрежа. Како едно од најпријатните изненадувања во ланската сезона во Турција, типуваме екипата Ејупспор повторно да постигне барем еден гол против фаворитот од Истанбул.

МАН. ЈУНАЈТЕД – АРСЕНАЛ: Гол-гол и 3+

Премиерното коло во англиската Премиер лига ни носи големо дерби меѓу двата лути ривали, кои лани имаа сосема различна судбина. Арсенал се бореше за титулата, Јунајтед да не доживее шокантна елиминација од елитата. Летово двете екипи многу инвестираа во нови засилувања, од кои се очекува блесок уште во мега-дуелот на „Олд трафорд“. Речиси три години немаме видено три или повеќе гола на ова дерби во лигашки рамки, време е да се смени наративот.

Овие шест дуели нудат одличен вкупен коефициент за кој стандардно вложивме 200 денари. Вие може да уплатите со колкава сума сакате, доколку ја искористите шифрата за брза уплата до утре до 16 часот.

ШИФРА: 4585