Вардар имаше одличен старт на новата сезона во ПМФЛ, добивајќи го вечното дерби со Пелистер со убедливи 4-1.

Димитар Данев постигна два гола, па македонскиот младински репрезентативец посакува нова добра партија. Тој вели дека победата нема да дојде сама по себе, туку мора да се заработи на терен.

„Секако дека не очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и секаде оди на победа.

Атмосферата во тимот е одлична по стартниот триумф против Пелистер и во Кавадарци одиме да ја потврдиме моменталната форма.

Респект за домаќинот, Тиквеш е квалитетен тим, но ние сакаме да имаме три бода. Ќе дадеме сè од себе за да исполниме сè што ќе бара од нас тренерот Гоце Седлоски и подготвени сме да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Данев.

Дуелот е закажан во 17:00 часот, а на „жешкиот“ терен во Кавадарци, Вардар има императив за победа.