Македонија загуби и од Романија (66:79) и се прости од прет-квалификациите за Светското првенство 2027 година.
По трие одиграни натпревари, сме на последното место „скор“ 0 победи и 3 порази.
Селекторот Марјан Илиевски кратко ги анализира овие 40.минути во Ораадеа:
„На денешниот меч овој млад тим покажа карактер, по три дена имавме некаков менталитет и карактер кој мора да ни оди нагоре. Затоа мора да сум задоволен од прикажаното и изданието кое го имавме.
Романија го имаше резултатот, но ние не се предадовме до крај. Затоа уште еднаш потенцирам дека сум задоволен од карактерот на играчите и во иднина се надевам дека овие искуства ќе ни бидат доволни да “набилдаме“ тимски дух и искуство во овој млад тим“ – изјави селекторот Илиевски.
Последниот натпревар од овој циклус, македонските кошаркари ќе го играат во СЦ „Кале“ во Скопје на 20 август против Унгарија.




































