Кошаркарската машка селекција на Македонија попладнево игра нов натпревар во прет-квалификациите за Светското првенство 2027 година.
Во Ородеа, македонските кошаркари ќе го одиграат реваншот со Романија, од која во првиот меч загуби „тесно“ со осум разлика.
Селекторот Марјан Илиевски за овој натпревар направи две измени во однос на составот со кој беа одиграни првите два натпревари.
Еден од најискусните Адем Мекиќ поради болки во коленото, нема да биде во тимот, а ќе го нема ниту Тома Стојановски. Нивните места ќе ги заземат Никола Василевски и Марко Миловановиќ.
Сигурно дека отсуството на Мекиќ ќе има големо влијание на играта на црвено-жолтите, но и без него, останатите во тимот ќе мора да потврдат дека има капацитет и квалитет.
Како ќе изгледа сето тоа на теренот останува да видиме во дуелот што ќе почне од 18 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.