Утре свој настап на меѓународната сцена ќе има и машка сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. Во Ородеа, нашите кошаркари ќе го играат третиот натпревар во прет-квалификациите за Светското првенство 2027-ма.

Во рамките од „Б“ групата, Македонија ќе и гостува на Романија.

Поразите во воведните два натпревари, избраниците на селекторот Илиевски веќе ги оставија зад себе, па сега со сите мисли се насочени кон утрешниот дуел.

Дека со Романците може да се надигруваме покажа и првиот меч во Куманово кој противникот го доби со осум разлика и тоа во завршните минути. Доколку се поправат грешките од тој меч, македонските репрезентативци може да се надеваат на победа.

„Мислам дека со вистински пристап од почеток на натпреварот до крајот може да се надеваме на добар резултат. Во Куманово покажавме дека можеме да играме против секоја репрезентација мислам дека и овде во Орадеа имаме големи шанси за победа.

Пристапот кон мечот, и енергијата која ја краси оваа, доста подмладена репрезентација, треба да ни дадат поголема шанса за успех на ова второ по ред гостување во прет-квалифиакциите.

И искрено се надевам дека со нашата енергија, желба и борба ќе излеземе како победници од овој натпревар“, смета Теодор Симиќ кој ќе води жестока битка под кошевите.

Вербата дека може и мора подобро, секако е присутна во националниот тим, па останува замислената тактика со голема борба да се спроведе на теренот.

Дуелот Романија – Македонија што ќе се игра утре е закажан за 18 часот.
Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ. 

Следете нé на социјалните мрежи