Екипите на Тиквеш и Работнички го одиграа првиот натпревар без голови, во новата сезона на Првата македонска фудбалска лига.
Дуелот број 5, од премниерното коло, се одигра во Кавадарци, но стрелците немаа свој ден, па мрежите мируваа (0-0).
Првата можност да биде отворен резултатот ја имаа домаќините. Веќе во третата минута по долгата топка, Стојчевски од десната страна се обиде да го совлада Василев, но гостинскиот голман беше поуспешен. Василев и во 32.минута беше на висина на задачата, по обидот на Вареловски.
На спротивната страна се истакна и домашниот голман Стефковски кој со две фантастични одбрани ја зачува својата мрежа. Во 43.минута, атрактивниот обид на Елези со „ножички“ заврши над голот на домаќините.
Во досадното второ полувреме, малку ја публиката се подразбуди во самиот финиш. Прво домаќините создадоа една полу-шанса, во која немаше завршница. Шансата на натпреварот ја пропушти Бошњаков кој излезе сам пред домашниот голман, но Стефковски фантастично одбрани. Така на крајот резултатот остана оној почетниот 0-0.
ПМФЛ 1 КОЛО
петок, 8. август
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 4-1
сабота, 9. август
БАШКИМИ – АРЕСИМИ 1-1
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
недела, 10. август
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0-0
понеделник, 11. август
СИЛЕКС – АП БРЕРА СТРУМИЦА | 17:30 | стадион Силекс, Кратово