Два нови натпревари се одиграа попладнево во Струга и Куманово, од премиерното коло на новата сезона во ПМФЛ. Воведувањето на ВАР технологијата се покажа како важно, па во Струга беше поништен гол, а во Куманово пенал.

Екипата на Струга Трим Лум со головите на Компаоре, го совлада повратникот во прволигашката конкуренција Македонија Ѓорче Петров со 2-0.

Уште од самиот почеток домашниот состав тргна офанзивно. Стружани постојано притискаа кон голот на ѓорчепетровци. Создадоа домаќините неколку шанси, кои не успеаја да ги реализираат. Најзрелата на имаше Компаоре во 42.минута. Иако ја затресе мрежата на „лавовите“ сепак по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен поради претходно играње со рака.
Сепак во четвртата минута од судиското дополнение голот на Компаоре беше регуларен, па Струга поведе со 1-0.

И во второто полувреме иста слика на теренот, а на нов гол се чекаше се до 73.минута, кога повторно Компаоре се запиша во листата на стрелци за конечни 2-0.

По долги години кумановци повторно гледаат прволигашки фудбал. Домашниот состав на Башкими ќе го пречека новајлијата Арсими со кој одигра без победник 1-1.

Првата посериозна шанса на имаа домаќините кога Манасиевски се обиде од далечина, но гостинскиот голман Ислами одлично интервенираше. Во 25.минута при лошата интервенција на еден од домашните фудбалери на работ на шеснаесетникот, главниот судија покажа на белата точка. Сепак по прегледувањето на ВАР снимката, одликата беше преиначена и беше досуден слободен удар. Тоа го искористи Босанецот, Бешагиќ кој со помош на живиот ѕид на домаќините го совлада домашниот голман и му донесе предност на Арсими од 0-1.

Желбата и борбената игра на домашните фудбалери да стигнат до израмнување се исплатеше. Во 67.минута по одличното нафрлување од десната страна, Симовски беше на вистинското место и израмни на 1-1. Имаше Башкими уште неколку изгледни шанси за нов гол и победа, но резултатот остана не променет.

Останатите два натпревари од 1.коло ќе се играат утре во Кавадарци, каде Тиквеш ќе го пречека Работнички, односно в понеделник кога ќе се сретнат Силекс и АП Брера.

Потсетување дека вчера Шкендија и Вадар стартуваа со убелдиви победаи над Шкупиу со 5-1, односно Пелистер со 4-1.