Македонските кошаркари попладнево ќе го играат вториот натпревар во претквалификациите за Светското првенство 2027 година.
По стартниот неуспех и поразот од Романија, избраниците на селекторот Марјан Илиевски ќе се обидат да стигнат во првата радост. Тие денеска, во Шолнок, и гостуваат на репрезентацијата на Унгарија.
Задачата нема да биде ни малку лесна, но во нашиот табор веруваат дека можат до победа. Домашната селекција на Унгарија е под притисок, откако го загубија првиот меч и тоа на гости кај Романија.
Натпревар меѓу Унгарија и Македонија ќе се игра во терминот од 18 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)
Слободна сега е Романија, против која македонската селекција ќе го игра следниот меч и тоа во Орадеа, на 13 август (среда).




































