Помешани чувства имаше селекторот Марјан Илиевски, селекторот на македонскатаа сениорска репрезентација, по поразот од Унгарија која на крајот беше и убедлив:

„Очекував денешниот натпревар да биде малку поинаков бидејќи мислам дека овие 38 разлика се премногу во однос на квалитетот на двете репрезентации. Мислам дека нашите кошаркари премногу ги респектираа Унгарците и тука треба да се бараат причините за нашиот пораз“.

Има и други работи за анализирање на играта во овие 40.минути кои нашата селекција ги прикажа во мечот со Унгарија.

„Одигравме добра четвртина, но противникот беше исклучително расположен за шут. Погоди 15 тројки со 40% шут од дистанца. Екипата поседува квалитет и денеска беше мошне мотивирана за победа пред своите навивачи кои дадоа голема поддршка“.

Има место и за некои моменти на задоволство кај Илиевски.

„Задоволен сум од младите кошаркари и се надевам дека во иднина ќе играме многу подобро, но ни останува да се подобруваме, во секој поглед. Верувам дека во иднина ќе се надградуваме, а она на што треба да обрнеме внимание е дека кога резултатот оди во негатива, да не бараме брзи решенија бидејќи така само се продлабочува кризата. Јас им давам поддршка на играчите, тие двааат максимум, но евидентно е дека се уште недостасува искуство. Меѓутоа, сето она кое ќе следи е реалност, а таа реалност е искуството кое се уште не постои кај нас““ – рече Илиевски по мечот во Солнок.