Американскиот тим на Интер Мајами се пласираше во нокаут фазата на КОНКАКАФ Лига Купот. Екипата од Флорида иако го одигра натпреварот без повредениот Лионел Меси славеше победа над мексиканскиот тим УНАМ со 3-1.
Во отсуство на Меси, лидерската улога ја презеде Луис Суарез кој постигна гол и имаше две асистенции.
Мексиканскиот тим поведе прв во 34-тата минута, преку Хорхе Рувалкаба. Израмнувањето стригна во финишот на полувремето (45) кога Родриго Де Пол го постигна својот прв гол за Интер Мајами, а по асистенција од Суарез.
Уругваецот, Суарез го доведе Интер Мајами во водство од 2-1 кога реализираше пенал во 59-тата минута. Тоа беше првиот гол на Суарез откако постигна гол во натпреварот против Палмеирас на Светското клупско првенство на 23 јуни.
Тој му асистираше на Тадео Аљенде во 69-тата минута, за да ги постави конечните 3-1.
Мајами, кој има осум бода на табелата во Купот на главната лига, е првиот клуб од МЛС кој се пласираше во нокаут фазата на турнирот.





































