Женската кадетска репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години, денеска го игра шестиот натпревар на Европскиот шампионат во Подгорица.

Избраничките на селекторката Даниела Новевска, со по една победа и нерешен резултат, но и три порази, сега ќе разигруваат за пласман од 17 до 24-то место.

Прв, денешен, противник е соодветната селекција на Литванија, против која нашите млади ракометарки ќе играат во терминот од 14:30 часот,

Победникот од овој меч, утре ќе разигрува со подобриот дуелот меѓу Норвешка и Фарските Острови, а поразените ќе играат меѓусебно.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи