Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија на големиот празник Илинден ја почнува својата борба во квалификациите за Светското првенство 2027-ма.

Во Куманово пред полна сала макеоднските кошаркари, вечерва ќе го играат птвиот натпревар од првата пред-квалификациска рунда.

Во рамките од „Е“ групата црвено-жолтите ќе бидат домаќини на Романија.

Видно изменетиот тим во однос на претходните квалификации, со многу млади играчи и само тројца поискусни, а предводени и од новиот селектор Марјан Илиевски, ќе има тешка задача да го мине првиот квалификациски круг.

Во конкуренција на три репрезентации, треба да се избегне последното место, единствено кое не носи прогрес понатаму. Покрај романската противник на македонската селекција ќе биде и Унгарија, која во првото коло е слобода.

Натпреварите ќе се играат по принципот дома и гости, а двете прворангирани продолжуваат во вториот круг. Првопласираната селекција ќе продолжи во групата Б, каде за противници ќе ги има Грција, Црна Гора и Португалија. Онаа која ќе заврши како втора ќе игра во групата Г против Франција, Финска и Белгија.

За макеоднија примарна цел е да ја мине првата фаза, а водено да гради тим за иднина.

Енергија, младост и желба за победа, се „оружјето“ со оваа македонска селекција ќе се бори на претстојните натпревари, потенција вчера на прес-конференцијата селекторот Илиевски.

Како ќе изгледа сето тоа останува да видиме во натпреварот што ќе почне од 20 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ како и низ директен ТВ пренос на МРТ.

Следете нé на социјалните мрежи