Полека привршуваат двонеделните подготовки на машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија. 

Стартот на новиот квалификациски циклус, овој за СП 2027, е веќе во сабота, со домашниот натпревар против Романија. 

Македонија својата шанса за успех ќе ја бара во енергијата која ја носи овој состав, и желбата за докажување, да се даде најдоброто од себе во црвено-жолтиот дрес. 

Ова меѓу останатото го истакнува Лука Стојановски кој важи за еден од најборбените играчи, кој особено се истакнува со одбранбената игра.

„Искрено засега во тимот мислам дека се оди како што треба, сите размислуваме позитивно.

Очекуваме најдоброто од нас да се покажал во следната утакмица, тоа е во сабота во Куманово, така да останува на нас да докажеме што сме направиле за овие две недели“, изјави Стојановски.

Младоста надополнета на овој тим е надополнета со неколкумина поискусни играчи, а сите заедно треба да го дадат максимумот за конечен успех, смета Стојановски.

„Мислам дека се ќе биде како што треба бидејќи имаме млада репрезентација што трча искрено повеќе од било кој друг, тоа е добар додаток што носи голема енергија на терен.

Го имаме и искуството на Магдевски, Мекиќ и Вајли, кои знаат да ја понесат екипата кога ќе биде потешко. Останува на младите да си го докажат своето и да играат за Македонија, да дадат се од себе“, заклучи Лука.

Како ќе изгледа сето тоа на теренот останува да видиме во саботниот натпревар со Романците закажа за 20 часот.

Следете нé на социјалните мрежи