Македонската женска кадетска ракометна репрезентација денес го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Црна Гора. На шампионатот за ракометарки до 17 години, Македонија беше поразена од Словачка со 34:21.
Словачките ракометарки го отворија натпреварот подобро и поведоа со 4:1. Нашите кадетки одговорија брзо и намалија на 3:4, но противничката селекција во 18. минута повторно ја презеде контролата и ја зголеми предноста на 9:5. Следуваше серија од 5:0 во корист на Словачка, која донесе највисока предност од 14:6. На полувреме, Словачка замина со водство од 14:8.
Во втората половина Словачка продолжи со истото темпо и со серија од 3:0 поведоа со 17:8. Веќе во 38-та минута словачката репрезентација имаше предност од 21:14. Нашата репрезентација се обиде да се врати во игра, но ракометарките од Словачка не дозволуваа намалување на разликата. Во 51-та минута Словачка стигна и до двоцифрена предност од +10 (29:19), а до крајот успешно ја задржа контролата врз натпреварот. Крајниот резултат беше 34:21 во корист на Словачка.
Најефикасни од нашата репрезентација беа Беровиќ и Димоска со пет погодоци.
На 2 август, нашата репрезентација ќе го одигра натпреварот против Португалија со почеток од 19:30 часот.
Ивона Кимовска




































