Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за претстојните квалификации за Светското првенство. 

Подмладениот состав во кој еден од најискусните е Адем Мекиќ, веќе покажа нова енергија, во контролните натпревари со Швајцарија. 

„Веќе сите знаеме дека ова е нова репрезентација. Многу нови лица, млади, за жал малку помалку искуство, но на наша радост огромна енергија и желба за натпреварување. Во двата натпревари со Швајцарија увидовме кои ни се позитивни, а кои ни се негативни страни и на што треба повеќе да работиме.

Генерално можам да кажам дека и јас, како што и веќе селекторот изјави, сме задоволни како работиме, како минуваат подготовките. 

Имаме одлична тимска хемија,  со големо нетрпение и радост ги чекам овие натпревари. Знаеме дека Куманово е кошаркарски град и  сигурни сме дека дека публиката ќе нé поддржи во голем број и се надеваме на позитивни резултати“, изјави Мекиќ.

Репрезентативците и денеска ќе одработуваат во Скопје (СЦ Кале), а утре заминуваат за Куманово каде ќе ги финализираат подготовките. 

Првиот натпревар во кој противник е Романија ќе го играат на 2 август (сабота) од 20 часот.