Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија влезе во вториот дел од подготовките за мундијалските квалификации.

По сработеното во Гевгелија и двете контроли со Швајцарија, репрезентативците во Скопје. Тука ќе се  финализираат формата за дуелите со Романија и Унгарија.

Победите над Швајцарија ја зголемуваат самодовербата меѓу младите кошаркари, но и вербата дека можат да се прикажат во добро светло.

„Земајќи во предвид дека сме се млади играчи, атмосферата можам да кажам дека е одлична. Имаме голема енергија и големи очекувања пред се да покажеме на Македонија има надеж и потенцијал во нас младите. Нам ни останува да го дадеме максимум.

Имавме добар подготвителен период, каде во пријателските натпревари против Швајцарија покажавме  дека сме на добар пат.

Се надевам дека остатокот од подготвителниот период ќе мине така добро, пред се од здравствен аспект. сигурно дека со напорен тренинг на терен ќе искочиме како што треба“, изјави Максим Митевски.

Репрезентативците денеска и утре наутро ќе одработат тренинзи во Скопје, по што се селат во Куманово каде ќе ги играат квалификациските натпревари.