Веќе ни стана традиција да типуваме во вторник кога билтенот и додатокот на Златна Копачка се полни со натпревари од сите спортови.  Стотици игри со одлични коефициенти ни се на располагање, а ние се одлучивме да ги одиграме квалификациските дуели за европските натпреварувања, а и по некој пријателски меч.

Ова е нашата замисла за денешниот предлог-тикет:

МАРСЕЈ – ВАЛЕНСИЈА: Гол-гол и 3+

За Марсеј и Валенсија ова ќе биде само трета меѓусебна средба, од претходно се памети еден пријателски дуел кој вечерашниот домаќин го доби со 1-0, како и финалето во поранешниот УЕФА Куп во кој Лилјаците славеа со 2-0. Со оглед на тоа дека сега ќе се игра контролен натпревар, не би требало мрежите да мируваат.

ЗРИЊСКИ – СЛОВАН Б.: 0-2 гола во прво и 1-2 гола во второ полувреме

Триумфот од 4-0 во првиот дуел треба да е гаранција за тимот од Братислава за пласман во следната квалификациска рунда во ЛШ. Сепак, веруваме дека Слован нема да остави ништо на случајот, па затоа типуваме ограничен број на голови во двете полувремиња.

ПАНАТИНАИКОС – РЕНЏЕРС: Победа домаќин

Ренџерите од Глазгов и покрај предноста од 2-0 од првиот меч, ги чека тешко гостување во Атина каде во одлучувачките 90 минути се очекува Панатинаикос силно да нападне и да се обиде да ја анулира негативата.

САЛЦБУРГ – БРАН: Домаќинот да постигне 3-5 гола

Салцбург речиси да го обезбеди пласманот во следното квалификациско коло со оглед на тоа дека првата средба ја доби со убедиви 4-1, но и покрај тоа австрискиот тим со сигурност ќе сака да ја израдува домашната публика со повеќекратно полнење на мрежата на Бран.

ШАХТАР Д. – БЕШИКТАШ: Гол-гол

Голеадата од првата средба во која се паднаа шест гола што значеше победа за Шахтар од 4-2 гарантира дека и во реваншот двете екипи ќе се распукаат и повторно ќе има многу голови. За нас е доволно двете мрежи да се затресат по еднаш.

БРАГА – ЛЕВСКИ СОФИЈА: Победа домаќин на полувреме и на крај

Левски издржа да не прими гол во првата средба, но Брага во меѓувреме се засили со млад напаѓач од редовите на Барселона, а токму Пау Виктор ќе виде најголемата закана по голот на гостите од Софија. Со оглед на педигрето, ова треба да биде рутински триумф за Брага.

До вечерва до 20:45 часот можете да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сметате дека овој предлог-тикет има шанса да биде добитен.

ШИФРА: W07290925944