Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше одржана ждрепката за натпреварувачките броеви во новата сезона од женската ракометна Супер лига. Oд оваа сезона, женскиот шампионат ќе се одвива во две конкуренции – Супер лига со осум екипи и Прва лига со седум тимови.

Шампионот Ѓорче Петров ќе ја започне одбраната на титулата на домашен терен против Куманово, додека љубителите на ракометот ќе имаат можност да уживаат и во дерби меѓу Металург Автокоманда и Вардар.

Почетокот на новата сезона е закажан за викендот на 14 и 15 септември.

Супер Женска лига – 1. коло:
Ѓорче Петров – Куманово
Астибо – Спартак
Металург Автокоманда – Вардар
Пелистер – Чаир

Во Првата Женска лига ќе настапат седум екипи, а меѓу нив се и нови имиња – Атлетик и дебитантот Јехона.

Прва Женска лига – 1. коло:
Јехона – Стружанка
Шампион – Деспина
Овче Поле СУ – Ѓорче Петров 2
слободна ќе биде екипа на Атлетик

Ивона Кимовска