Младата женска ракометна репрезентација на Македонија до 19 години, денеска ги продолжува настапот на Европскиот шампионат во Црна Гора.

По трите порази во првата рунда, како и оној од Исланд во втората и со само еден нерешен резултат, македонските ракометарки сега ќе разигруваат за пласман од 17 до 24 место.

Прв противник во разигрувањето ќе биде селекцијата на Швајцарија. За разлика од нашата, швајцарската селекција веќе два пати се радуваше на ова првенство.

Овој натпревар што ќе се игра во салата „Верде Комплекс“ во Подгорица ќе почне во терминот од 17 часот.

Доколку успеат да слават победа ги разигрување за пласман од 17 до 20 место со победникот од дуелот Словенија – Португалија. Поразените селекции од овие натпревари би разигрувале за пласман од 21 до 24 место.