Mакеоднските екипи денеска ќе ги дознаа своите противници во европските ракометни купови.

Тимот на Алкалоид кој како освојувач на ЕХФ Купот претстојната сезона ќе игра во Европската лига. Составот од Автокоманда ќе игра во квалификациската рунда, за разлика од Вардар кој директно ќе настапи во групната фаза.

Во третото по квалитет натпреварување, Европскиот куп, Македонија ќе има три претставници, Охрид, Тиквеш и скопски Бутел. Сите три екипи ќе почнат во квалификациите со тоа што скопјани во првата, а охриѓани и кавадарчани во втората рунда.

Во женска конкуренција ќе имаме четири претставници и сите ќе играта во Европскиот куп.

Шампионот Ѓорче Петров ќе ја прескокне првата рунда и ќе стартува од втората. Затоа во првото елиминациско коло настапи ќе имаат Металург Автокоманда, Чаир и Куманово.

Ждрепката ќе почне во 11 часот.