Македонскиот одбојкарски првак во женска конкуренција, Јанта волеј ќе дебитира во елитната ЦЕВ Лига на шампионите пред својата публика во Скопје.
Одбојкарките на Јанта Волеј на денешната ждрепка одржана во седиштето на ЦЕВ, го дознаа за противник за првата квалификациска рунда. Тимот од Кисела Вода за противник ќе го има босанскиот тим Гацко .
Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 22 октомври во СЦ „Јане Сандански“, со почеток од 20:30 часот. Реваншот е на 29 октомври со почеток од 18 часот во Требиње.
Доколку ја минат оваа рунда, во следната (трета) би играле со француска екипа на Валеро Ле Кане. Тие дуели би се играле на 4-6 односно 11-13 ноември.
Во случај на пораз во двомечот во ЛШ, Јанта Волеј КВ ќе продолжи во првата рунда од ЦЕВ купот, каде за ривал го има составот на швајцарски Витеос Ношател. Овие натпревари се играат во средината на ноември.



































