Македонската сениорска репрезентација попладнево ги почна подготовките за Мундијалските квалификации. Со бројни откажувања поради повреди, некои од приватни причини селекторот Марјан Илиевски ја направи првата прозивка.

Во националниот тим кој ќе биде видно изменет и подмладен ќе недостасуваат многу искусни репрезентативци.

Еден од нив е и Ненад Димитријевиќ кој периодов се подготвува и бара нов клуб. Ќе го нема ниту Ти Џеј Шорц кој направи трансфер од Парис баскет во Панатинаикос.

Затоа, селекторот Илиевски се реши да го повика Американецот, со македонски пасош, Џејкоб Вајли кој со своето искуство треба да придонесе во поцврста игра под обрачите.

Подоцна (27 јули) на националниот тим треба да им се приклучи и Андреј Јакимовски околу кој би требало да се гради играта на овој национален состав на Македонија.

Следете нé на социјалните мрежи