Вечерва ќе го дознаеме новиот светски клупски фудбалски шампион. Во Њу Џерси ќе се игра финалниот меч на реформираното клупско првенство, на кое првпат настапија 32 екипи, со што ќе заврши едномесечниот турнир во САД.
За титулата ќе се борат две европски екипи, од Франција и Англија, Париз Сен Жермен и Челзи.
ПСЖ по петтиот, Челзи по вториот трофеј сезонава
Тимот на тренерот Луис Енрике го освои сите можни трофеи во Франција и за прв пат европската Лигата на шампионите. Челзи пак, по неуспешниот настап во домашните натпреварувања, сезоната ја спаси со трофеј во УЕФА Конференциската лига.
ПСЖ и Челзи како што имаа различни сезони така и имаа различен пат до финалето на Светското клупско првенство.
ПСЖ на патот кон финалето се соочи со Атлетико Мадрид, Ботафого и Сиетл Саундерерс во групите и Интер Мајами, Баерн Минхен и Реал Мадрид во нокаутот. ПСЖ прими само еден гол на целиот турнир и тоа од Ботафого од кого и загуби со 1:0. Сепак европскиот шампион ги „матираше“ сите други противници што ги доби.
Челзи пак не играше со толку убедливи екипи, но затоа ги помина сите дадени противници и заслужени влезе од другата страна на ждребот во финалето. Во групите се соочија со Лос Анџелес, Фламенго и Есперанце Тунис. Иако загубија од Фламенго, ги добија другите натпревари и се пласираа во нок-аут газата. Таму прво ја победија Бенфика, а по тешка борба дојдоа до триумф над Палмеирас. На „крилата“ на Жоао Педро преку Флуминенсе стигнаа до финалето.
Иако разликата во квалитет во моментов е на страната на „светците“ од Париз, сепак Челзи не е за потценување. Знаеле сините од Лондон секогаш да бидат незгодна екипа за помоќните. ПСЖ атакува на својот 5-ти трофеј сезонава, а Челзи на вториот.
Во претходните изданија на СКП Челзи два пати стигна до финале како освојувач на Лигата на Шампиони и има еден триумф и еден пораз. Триумфот е во 2021 кога во финалето триумфираа над Палмеирас, а поразот е во 2012 кога загубија од Коринтијас. За ПСЖ ова е прв настап на светското клупско првенство во било каков формат и како европски шампиони атакуваат и на реформираната титула како Светски клупски шампион.
Победникот ќе се дознае вечерва по финалето што ќе почне од 21 часот, а ќе се игра на „Метлајф“ стадионот.





































