Лионел Меси ја продолжи својата историска серија, постигнувајќи нови два гола за тимот на Интер Мајами во МЛС лигата.

Тимот од Флорида славеше со 2-1 против Нешвил СЦ, токму со погодоците на Меси.

Во дуелот, Меси влезе како единствениот играч во историјата на МЛС лигата со четири последователни натпревари, на кои постигнал или повеќе голови. Тој тренд Аргентинецот го продолжи.

Првиот погодок Меси го постигна во 17-минута, со прецизен и мајсторски изведен слободен удар.

Откако Нешвил израмни на стартот од второто полувреме, Меси повторно блесна. Со украдена топка и „хируршки“ прецизно изведениот удар, во 62-та минута, го донесе триумфот на својот тим.

Со овие два гола, Меси сега има 16 погодоци на 16 натпревари сезонава во МЛС, изедначувајќи се со Сем Сариџ од Нешвил, кој има ист број голови, но на 21 натпревар.

Следете нé на социјалните мрежи