Финалето на Светското клупско првенство е последна шанса за нас да освоиме егзотично патување на Малдиви или Куба. Иако досега не успеавме да го надминеме моменталниот водечки коефициент во акцијата на Златна Копачка, сепак изготвиме уште еден предлог-тикет со намера да ни донесе двојна добивка – пари и атрактивно летување.Ова е нашата замисла за викендашките дуели:ИТАЛИЈА Ж –
ШПАНИЈА Ж: Победа гостин на полувреме и на крај и 3+ гола
Со оглед на тоа дека Шпаниките се меѓу главните фаворитки на ова Европско првенство за жени, нема да биде изненадување доколку и Италија доживее декласирање какво што претрпеа Португалија и Белгија во претходните две кола.
AРГЕС – РАПИД БУКУРЕШТ: Победа гостин
Стартот на романската Суперлига би требало да се одбележи со триумф на Рапид и да му се посака огнено добредојде на новиот прволигаш Аргес.
СЛИГО РОВЕРС – ДЕРИ СИТИ: 2+ гола во прво полувреме
Само еден од последните пет меѓусебни дуели на овие две екипи завршил со еден гол, а ние посакуваме порасположливо издание и барем два погодоци во првите 45 минути.
БОДО/ГЛИМТ – САНДЕФЈОРД: И двојна и сигурна победа домаќин
Бодо неочекувано претрпе два порази во изминатите пет кола во норвешкиот шампионат, со знаејќи дека актуелниот првак има четири натпревари помалку од лидерот, може да се очекува Бодо да се разигра и да влезе во победничка серија која треба да почне токму во оваа средба. Затоа и типуваме двојна победа без приме гол.
ЧЕЛСИ – ПСЖ: Победа гостин на полувреме и на крај и 2+ гола
Парижаните доминатно стигнаа до уште едно финале и се големи фаворити во дуелот за светската титула против Челси. Сините иако располагаат со многу напаѓачки опции, не се гледа начин како ќе се разбие пресингот кој го врши ПСЖ, впрочем ниту големиот Реал не можеше да му парира на актуелниот европски шампион.
ЛЕХ ПОЗНАН – ЛЕГИЈА: 0-1 гол во прво и 2-3 гола во второ полувреме
Во полскиот Суперкуп ќе се сретнат големите ривали, но наместо да типуваме победник, се одлучивме да играме на голови. Во првите 45 минути нека мируваат мрежите или да нема повеќе од еден гол, а двете екипи да се разиграат во вториот дел и да постигнат меѓу два и три погодоци.
ИНТЕР МАЈАМИ – НЕШВИЛ: Победа домаќин на полувреме и на крај
По настапите на СКП, Меси и Интер се разиграа и влегоа во победничка форма. Особено Лео е распукан и одржува просек од два погодоци по меч, а тоа воопшто не се добри вести за Нешвил. Очекуваме екипата од Флорида да издоминира во средбата.
Се држиме до правилата за учество во акцијата на Златна Копачка, како со 7 типувани парови така и со влогот од 70 денари. До вечерва до 20:30 часот можете да ја искористите шифрата за брза уплата, и да вложите во овој предлог-тикет.
ШИФРА: W07111163139



























