На неофицијалното светско тениско првенство, Вимблдон, познат е и вториот пар кај дамите за полуфиналето.
Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ ќе се борат за место во големото финале закажано за во сабота.
Ова откако (8.носителк) Швјонтек од Полска во два сета ја совлада Русинката, Људмила Самсоновиот. Четвртфиналниот дуел траеше 1 час и 50 минути, а некогаш најдобро рангирамата светска тенисерка го доби со 6-2 и 7-5.
Швајцарката, Бенчиќ во четвртфиналето ја сопре младата 18-годишна руска тенисерка Мира Андреева. Мечот во кој се одиграа два сета Бенчиќ го доби во два тај-брејка (7-6- на поени со 7-3 и 7-2.
Потсетивање дека во првото женско полуфинале ќе играат (1) Арина Сабаленка од Белорисија и (13) Американката, Аманда Ннисимова.
Кај мажите денеска исто така два четвртфинални дуели по кои ќе го дознаеме вториот пар за полуфиналето.
Во тек е мечот меѓу светскиот рекет број 1 Јаник Синер и Американецот, Бен Шелтон. Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот (6) Новак Шоковиќ и (22) Флавио Каболи.
Првиот полуфинален пар го сочинуваат (2) Карслос Алкараз Шпанија – (5) Тејлор Фриц САД




































