Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во следната сезона ќе има нов тренер.
Ова откако Шпанецот, Раул Алонсо реши да ја смени средината. Имено шпанскиот тренер не одолеа на понудата од германскиот тим Лајпциг, па реши да замине од Битола.
Информацијата ја потврдија од клубот.
Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.
До прекин на соработката дојде по барање на тренерот кој поради приватни причини побара да се врати во Германија.
Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму!
 
             
		