Меси и Интер Мајами немаа среќа на Светското клупско првенство, налетаа на ПСЖ во осминафиналето и го завршија настапот. Кратко по елиминацијата, тимот од Флорида се врати на обврските во домашното првенство, односно МЛС лигата.
Лионел Меси постигна два фантастични гола во победата над Монтреал со 4:1, а вториот сигурно е еден од најубавите во неговата кариера.
Претходно, Монтреал поведе во втората минута преку Овусу, но тоа беше сè што сторија домашните фудбалери. Во 33.минута, Меси запиша асистенција за Аљенде за 1:1. Во 40-тата Аргентинецот го постигна првиот гол, по мини соло пробив и прецизен удар во неговиот препознатлив стил.
Don Leo Messi dice presente 🐐🎯✨ pic.twitter.com/g1xnGlEWjt
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 6, 2025
Се заврши во 60-тата и 62-та минута, Сеговија прво го зголеми резултатот на 3:1, а потоа следеше претходно споменатата „магија“ на Меси за конечни 4:1.
Со оглед на тоа колку „соло“ голови постигна, тешко е да се рангира, но секако е многу високо на листата. Суарез ја остави топката на 40 метри за „магионичарот“, кој ја зеде мина четири играчи и ја заби под пречката.
Ankara Messi, Ankara Messi, Ankara Messi Ankara Messi, Ankara Messi . 🐐 pic.twitter.com/DsvmC73hns
— Major League Soccer (@MLS) July 6, 2025
 
             
		