Најдобриот светски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на Гренд-слемот Вимблдон.
До својата јубилејна 100-та победа Вимблдон, Ѓоковиќ стигна со триумфот над својот сонародник Миомир Кецмановиќ во три сета.
Во првиот сет Ѓоковиќ му препушти три гема (6-3) на противникот, но затоа во вториот ниту еден (6-0). Последниот сет Новак го доби со 6-4.
Противник на Ѓоковиќ во осминафиналето ќе биде австралискиот тенисер Алекс Деминаур.
Пласман меѓу шеснаесетте најдобри обезбеди Хрватот, Марио Чилиќ финалистот на вимблдон од 2017та во мечот од третото коло три часа игра со три еден во сетови го победи Шпанецот Хуанме Мунар.
Чилиќ за место меѓу осумте најдобри во следната рунда ќе се бори против Италијанецот Коболи.

































