На Светскиот фудбалски клупски Мундијал што се подржува во САД, го имаме првиотполуфинален пар. Него го сочинуваат англискиот Челзи и бразилскиот тим на Флуминенсе.

Ви чевртфиналната рунда Челзи го совлада Палмеирас од Бразил со 2-1.

Сините од Лондон поведоа со голот на Палмер во 16-тата минута. Во вториот дел, во 53.минута, Палмеирас израни преку Естевао. Неговиот соиграч Вевертон беше трагичарот кај бразилската екипа, бидејќи во 83.минута си постигна автогол, за победа на Челзи.

Со ист резултат 2-1 за Флуминенсе заврши и делот во Орландо, каде бразилската екипа славеше на Ал Хилал од Саудиска Арабија.

И на тој натпревар слично се одвиваа работите. Флуминенсе поведе преку Мартинели во 40.минута. Во 51-вата Маркос Леонардо израмни на 1-1, а победата на Флиминенсе им ја донесе Херкулес во 70-тата минута.