Теодора Дукоска повторно ќе го облече дресот на актуелниот шампион Ѓорче Петров. По две успешни сезони во редовите на ЖРК Чаир, Дуковска реши да се врати во клубот каде веќе настапуваше претходно.

Игра на позицијата десен бек, а по потреба може да покрие и десно крило, што ѝ дава дополнителна вредност на тимот. Во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од ростерот на Ѓорче Петров и ќе ја засили надворешната линија на екипата.

Договорите исто ги продолжија и крилото Ризоска, пивотите Дамјановска и Велкова, голманката Флавија Габина и бековите Ѓеоргиевска и Николиќ.

Претходно, Ѓорче Петров се засили со неколку звучни имиња, меѓу кои пивотот Трпеска, крилото Ѓеорѓиевска, голманката Јовановска, како и сестрите Коцеви.

Овие засилувања го потврдуваат стремежот на шампионот да ја задржи домашната доминација и да напредува во Европа.

Ивона Кимовска