Фудбалските велесили на Конкакаф, Мексико и САД, ќе се соочат во уште едно големо финале на Голд Купот 2025. Двете репрезентации заедно имаат освоено 16 од досегашните 17 титули.
Американција ја совладаа Гватемала во полуфиналето со 2:1.
САД започна силно на дуелот во Хјустон, каде што младиот плејмејкер на Реал Солт Лејк, Диего Луна, блесна со два брзи погодоци во 4-та и 15-та минута. Иако Гватемала никогаш не играла финале во својата историја, покажа карактер и иницијатива во вториот дел. Голот на Олгер Ескобар во 80.минута внесе неизвесност во завршницата, но „Јенките“ успеаја да ја задржат предноста и обезбедат финале.
Во второто полуфинале, одиграно во Лас Вегас, Мексико триумфираше со минимални 1:0 против борбениот Хондурас.
лучниот момент се случи во 50-та минута, кога ветеранoт и напаѓач на Фулам, Раул Хименез, ја затресе мрежата. Мексиканците постигнаа и втор гол, но Едсон Алварез беше во офсајд, па погодокот беше поништен по ВАР проверка.
Осмото меѓусебно финале на САД и Мексико ќе се игра во Хјустон на 7 јули во 1 часот по полноќ.