Тимот на Лос Анџелес Лејкерс ќе добие ново, големо засилување под кошот. Бахамскиот центар Деандре Ајтон, кој беше прв пик на драфтот во 2018 година, се согласил на двегодишен договор со Лејкерси, објави ESPN.
Договорот ќе му донесе 34 милиони долари по сезона, односно вкупно 68 милиони за двете години.
Ајтон (27 години) својата НБА кариера ја започна во Феникс Санс, каде што ги помина првите пет сезони, пред да се пресели во Милвоки. Последните две сезони ги мина во дресот на Портланд Треилблејзерс, но повредата на листот во февруари 2025 година го тргна од терените до крајот на сезоната. Тој одигра 40 натпревари, со просек од 14,4 поени и 10,2 скока. Со дабл-дабл просек, тој е единствениот НБА играч кој го има постигнато тоа во првите седум сезони по Двајт Хауард.
Со неговото доаѓање, Ајтон ќе биде сигурно ќе стартер во центарската позиција, и од голема поддршка за Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.