Денеска женскиот дел од Вимблдон, што се однесува до носителките, барем засега, минува без изненадувања.
Мирна Андреева во два сета беше подобра од Луциа Бронзети од Италија.
Русинката која е седмата носителка во првиот сет беше убедлива дозволувајќи и на Италијанката да освои само еден гем (6-1). Затоа пак во вториот се одиграа максимални 13 гема, а поуспешна беше Андреева која го доби тај-брејкот со 7-3 на поени.
11–носителка Елена Рибакина од Казахстан многу полесно од очекуваното ја совлада Марија Сикари од Грција. Рибакина ги доби двата сета со 6-3 и 6-1.
На терените на „Ингланд клуб“ попладнево излезе и некогаш најдобрата светска тенисерка Ига Швјатек од Чешка. Таа сега е осмо рангирана, а за место во следната руна се бори со Американката, Кеди Мекнали (САД).

































