Без изненадувања минува третиот ден во женска конкуренција на Гренд слемот Вимблдон.
Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка и Американката, Медисон Кејс се пласираа во третото коло.
Белорусинката, Сабаленка одигра 1 часа и 37 минути во дуелот со Мари Бузукова од Чешка која ја совлада во два сета. Мечот не беше ни малку лесен на првата носителка која првиот сет го доби дури во тај-брејкот (7-6) со 7-4 на поени. Во вториот, Сабаленка на продавничката и препушти четири гема 6-4. Во следната рунда Сабаленка за противничка че ја има подобрата од мечот меѓу Британката, Радокану и Водрушова од Чешка.
Шестата носителка во Лондон, Кејс помина нешто полесно. На Американката и требаа 77.минути ја за совлада Србинката, Олга Даниловиќ. Кејс го доби двата сета со 6-4 и 6-2. Во 3.коло, Кејс за противничка ќе ја има Германката, Зигмунд.