Македонскиот тенисер Обрад Марковски со три победи во квалификациите на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања, Србија избори место во „главниот ждреб“. Тој денес во финалето од квалификациите го победи Шин Хес од Аргентина (11. носител) со 2-0 во сетови (7:5 и 6:3).
Марковски во првото квалификациско коло го надигра домашниот тенисер Лука Маџаревиќ (Србија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:0), а во втората квалификациска рунда го совлада седмиот носител Игнасио Антонио Бечера Отапола со 2-0 во сетови (6:1 и 6:4).
Марковски во првото коло ќе игра против Георги Георгиев од Бугарија.