Од денеска па во наредните две седмици во Лондон ќе се игра вториот годинашен Гренд слем тениски турнир Вимблдон. Ова е 138-мото издание на неофицијалното светско тениско првенство.
На годинашното издание ќе биде исклучително силно, бидејќи речиси и да нема тенисер кој е меѓу фаворитите да не недостасува.

Во машка конкуренција титулата ќе ја брани Шпанецот, Карлос Алкараз кој минатата година го победи Новак Ѓоковиќ во финалето. Алкараз ќе игра против Италијанецот Фабио Фоњини во првото коло на Централниот терен во 14:30 часот. Светскиот рекет број 1 , Италијанецот Јаник Синер, ќе го одигра својот прв натпревар на Вимблдон во вторник, а негов противник во 1.коло ќе биде неговиот сонародник Лука Нарди.
Од носителите, денеска на терените на „Ол Ингланд клуб“ ќе ги видиме (3) Зверев, (8) Руне и (9) Медведев.

Кај дамите. Титулата ја брани Барбора Крејчикова од Чешка, која минатата година во финалето ја победи Италијанката, Јасмин Паолини.
Најдобрата тенисерка на светот, Белорусинката Арина Сабаленка, ќе игра против Канаѓанката Карсон Бранстин во првото коло, додека соперничка на Американката Коко Гоф на почетокот од Вимблдон ќе биде Украинката Дајанка Јастремска.
Наградниот фонд на Вимблдон оваа година е 53,5 милиони фунти. Победниците во машка и женска конкуренција ќе добијат по 3 милиони фунти. Финалниот меч дамите ќе го играат на 12 јуни, а ден подоцна (13 јули) е машкото финале.

































