Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, со победа го почна својот настап на годинашното издание на Вимблдон.
Белорусинката во два сета ја совлада Канаѓанката, Карсон Бранстин. Откако првиот го доби убедливо со со само еден загубен гем (6-1), во вториот Сабаленка добро се испоти. Таа мораше да одигра дури 12 гема за да го добие сетот со 7-5, а мечот со 2:0
Шестата носителка, Медисон Кејс мораше да одигра три сета против Романката, Русе која го доби првиот сет, но следните два и припаднаа на Американката.
Пласман во 2.коло обезбедија и (14) Елена Свотолина од Украина и (22), како и Хрватката, Дана Векиќ која со 6-0 и 6-4 ја победи Австралијката, Кимберли Бирел.

































