Европскиот првак ПСЖ се пласира во четвртфиналето на Светското клупско првенство што се одржува во САД.
Со триумф од 4:0 на парижаните, ставија крај на на настапот на Лионел Меси и неговиот Интер Мајами.
Сите 4 гола беа дело во првиот дел.
Уште на самиот старт во 6-тата минута стрелаше Жоао Невеш. На 2:0 зголеми повторно Невеш во 39-тата минута, а на 3:0 резултатот го зголеми Авилес со својот автогол во 44-тата минута. Во судиското дополнение на првиот дел (45+8) Ашраф Хакими го постигна последниот гол на натпреварот.
Во вториот дел ПСЖ опуштено и без проблеми го одбрани своето водство. Американскиот тим се закани во неколку наврати, но не успеа да го ублажи поразот. Најблиску до почесен гол беше Луис Суарез кој погоди статива.
Во четвртфиналето ПСЖ ќе го чека победникот од мечот помеѓу Фламенго и Баерн Минхен, што ќе почне од 22 часот