Она што изминатите денови неофицијално кружеше како информација, од утринава е потврдено. Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е новата аквизиција на ГРК Охрид.

Потврдата доаѓа од самиот ракометар, низ видеото објавено на ФБ страната на охридскиот тим.
30-годишниот Ѓукиќ кои игра на десната крилна позиција се договорил со охридските “Гладијаторите” на миниум две годишна верност.

Ѓукиќ има одлично „CV“ зад себе и е огромно засилување на охридскиот тим. Доаѓа од екипата на Динамо Букурешт, шампион на Романија.

Пред тоа настапуваше за екипите на РК Вардар 1961, Спортинг Лисабон, Мешков Брест, Киелце, Бешикташ и Металург, со одлични настапи во Лигата на шампионите и ЕХФ Европската Лига.

За репрезентацијата на Србија бележи одлични настапи на официјални натпревари, светски и европски првенства.