Куманово го претстави првото засилување за пристојната сезона,26-годишната Португалка, Маријана Да Силва Азеведо. Таа ќе го засили тимот на бековските позиции и доаѓа со богато интернационално искуство.
Маријана Да Силва Азеведо кариерата ја започнува во португалскиот клуб Маиа, а потоа преминува во Алавариум. Следуваат три сезони во тимот на Мадеира, каде што настапува до 2022 година.
По успешниот период во Португалија, својата кариера ја продолжува во Грција, каде што за една сезона ги менува дресовите на три екипи – Пилаја, ПАОК Солун и АЕК Атина.
Од екипата на Куманово си замина голманката Марија Јовановска која потпиша за тимот на Ѓорче Петров.
Во наредниот период се очекува Куманово да претстави нови засилувања за пристојната сезона.
Ивона Кимовска





































