По два неуспешни обиди, се надеваме дека овој трет обид ќе ни биде среќен и ќе погодиме тикет со седум парови и највисок вкупен коефициент, кој ќе ни обезбеди егзотично патување на Малдиви или Куба.
Акцијата на Златна Копачка е предобра да се испушти, па затоа не се откажуваме во нашата намера.
Ова се нашите седум предлози за новиот тикет на колото:
БЕНФИКА – БАЕРН МИНХЕН: Победа гостин
Баварците со две победи си го обезбедија пласманот во нокаут фазата од премиерното СКП, но тоа не значи дека вечерва нема да се обидат повторно да освојат три бода и со перфектни 3/3 да се преселат во следната фаза.
ЛОС АНЏЕЛЕС – ФЛАМЕНГО: Гол-гол
Жално ќе биде за тимот од Калифорнија да го напушти првенството без постигнат гол, а со оглед на тоа дека Фламенго веќе се пласира во следната фаза, очекуваме Бразилците да играат поопуштено и да дозволат барем еден гол во својата мрежа, но исто така да погодат еден.
ЕСПЕРАНС – ЧЕЛСИ: Гостинот да постигне еден гол во прво и 3+ гола вкупно
Натпревар „да се биде или не“ за Сините кои се апсолутни фаворити против претставникот од Тунис, па затоа ние очекуваме тимот на Мареска да ја осигура победата со барем еден гол во првото полувреме, а да постигне најмалку три во целата средба.
МЕМЕЛОДИ – ФЛУМИНЕНСЕ: Гостинот да постигне 2+ гола
Флуминенсе мора да постигне два гола преку кои ќе стигне до посакуваните три бода и пласман во нокаут фазата, што воедно ќе значи и освојување на првото место во групата Ф.
ПАНАМА – ЈАМАЈКА: 1-3 гола во прво и 1+ гола во второ полувреме
Панамците си ја завршија работата и веќе се фокусирани на нокаут фазата од Златниот Куп, па затоа има шанси оваа средба да биде исполнета со погодоци, но не повеќе од три во првиот дел, односно најмалку еден во вторите 45 минути.
ИНТЕР – РИВЕР ПЛЕЈТ: Победа домаќин
Неро-аѕурите како фаворити би требало да го добијат директниот дуел за првото место во групата Е, без разлика што европскиот вицепрвак со мачење освои четири бода во претходните два дуели.
ЈУВЕНТУС – МАНЧЕСТЕР СИТИ: Реми или победа гостин и 0-3 гола
Европското дерби во групата ќе биде само формалност знаејќи дека и двете екипи се пласираа во 1/8 финалето од СКП, па затоа оставаме простор за евентуална поделба на бодовите, или Сити да слави во мечот во кој ќе нема повеќе од три погодоци.
Добивме висок вкупен коефициент со само седум парови бидејќи треба да го надминеме моменталниот лидер со 98.19 коефициент, а уплатата од 70 денари е според условите за учество во егзотичната акција на Златна Копачка.
Шифрата за брза уплата можете да ја искористите до почетокот на првиот натпревар, односно до вечерва до 21 часот.
ШИФРА: W06241123596

 
             
		